|
Трката во Германија од минатата сезона се чини дека била добра поука за Италијанците од Ferrari, кои не се осмелија да го репризираат скандалозниот настан во Кореја. Според британскиот „BBC“,...

Алонсо преку тимското радио им соопштил на своите во таборот дека е побрз од Маса, индиректно барајќи ново пропуштање од страна на Бразилецот.
Алонсо повеќе од половина од трката го мина гледајќи во задниот дел од болидот на Маса, а во продолжение не успеа да стигне до подиумот, заостанувајќи нешто повеќе од три секунди зад третопласираниот Вебер. Шпанецот по трката потенцираше дека возењето зад Маса немало никаков ефект на крајниот резултат, но веста на „BBC“ го тврди спротивното.
Според колумнистот на британската национална телевизија, Марк Хјуз, Алонсо преку тимското радио ја повторил истата порака што им ја пренесол на трката во Германија во минатата сезона. Сепак, Доменикали и останатите од техничкиот дел на тимот не се осмелиле да изречат наредба до Фелипе Маса да го пропушти Алонсо.
Целиот разговор помеѓу Алонсо и таборот на Ferrari не беше објавен во телевизискиот пренос, па од таму и храброста на британскиот новинар да ја соопшти целата ситуација во Ф1 падокот. Се поставува прашањето дали Ferrari постапи правилно или не, бидејќи по претекнувањето на Маса од страна на Алонсо, Шпанецот изгради предност од десетина секунди, но загубеното време зад Бразилецот повеќе од сигурно е дека го чинеше пласман на подиумот?
Очигледно, пропуштање овој пат не им беше толку потребно како на Хокенхајм, во сезоната 2010.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|