Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Алонсо е задоволен од „перфекцијата“
29.11.2011

Четврото место на денешната трка беше доволно за четврто место во поредокот, но Алонсо му се заблагодари на својот тим за перфектната работа која што ја сработиле на последниот викенд...

alonso-lice-2-1-2011-1

во Бразил. Шпанецот го испушти подиумот и третото место во поредокот, но истакна дека ниту тој, ниту тимот не можеле подобро.

Двократниот светски шампион успеа да го претекне Хамилтон на стартот и да стигне до третата позиција подоцна, но како по обичај, потврдата компонента не му одговараше на неговиот болид и поради тоа беше лесен плен за Џенсон Батон кој стигна до подиумот.

„Уште една трка каде што бевме перфектни, од стартот, па се до сетирањето на болидот и стратегијата,“ - задоволно истакна Алонсо. „Резултатот до кој што стигнавме не се должи на нашиот лош перформанс, туку другите тимови кои беа пред нас едноставно беа подобри. Бевме одлични на стартот, но потврдата компонента не забави и не можев да се одбранам од Џенсон. На крајот имав и проблеми со DRS системот, кој можеби ќе ми помогнеше да останам поблиску до Батон на крајот.“

Во пресрет на зимските подготовки, Алонсо постави своја и цел на тимот, да го подобрат болидот за пет или шест десетинки по круг.

„Оваа трка е вистинска слика на нашата сезона. Можеби не беше лесно оваа сезона, но јас имам доверба во нашите инженери кои доминираа минатата декада во Ф1 и кои го поседуваат секој рекорд во овој спорт,“ - објасни Алонсо. „Да не заборавиме дека оваа сезона, успеав да се искачам на подиум десет пати и да освојам повеќе поени од минатата сезона.“

„Не жалам за второто или третото место во поредокот, бидејќи она што се брои е шампионското место.“ - заврши Шпанецот.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook