Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Алонсо изнервиран од медиумите
20.10.2011

Малку пати досега сме го виделе Алонсо изнервиран, особено од медиумите, но по трката во Кореја и тоа се случи. Шпанецот револтиран од заинтересираноста на медиумите за неговото ново…

alonso-press-1-1-2011-1

предно крило за кое се шпекулира дека Италијанците ќе го користат наредната сезона, им замери, барајќи од нив да известуваат за резултатите од викендот.

Ф1 новинарите до најситен детал го анализираа и споредуваа новото предно крило кое што Алонсо го тестираше и старото кое се најде на болидот на Фелипе Маса. Таквиот пристап на новинарите очиглдно му пречеше на Алонсо, кој им замери за нивната љубопитност во интервју за „Газета дело спорт“.

„Новото предно крило е работа на тимот, а не на медиумите,“ - нервозно прокоментира Шпанецот. „Како што кажав, нашата цел на преостанатите трки е да дознаваме многу повеќе за новите делови кои што ќе можеме да ги користиме и во 2012, а не добивање или губење на дополнителна десетинка. Тоа е маргинално во споредба со дознавањето на вистинската насока при развивањето на болидот за 2012.“

„Поради тоа, не мислам дека фановите се заинтересирани да знаат нешто повеќе за бодовната скала на надолната сила, дијаметрите и слично. Она што нив ги интересира е кој како завршил.“

Во продолжението од интервјуто, двократниот светски шампион посочи дека е целосно фокусиран на наредната сезона, за која очекува да биде многу подобра за него во споредба со тековната.

„Од сега па натаму само ќе стекнувам искуство за наредната сезона, за која се надевам дека ќе биде многу подобра. Второто место во поредокот? Не ме интересира, едноставно уште сега би потпишал договор во кој би го заменил второто место со петто во поредокот, само да добијам една десетинка помалку за болидот во 2012.“

На прашањето што би можеле да очекуваме од него и Ferrari во Индија, тој одговори: „Не очекувајте победа. Очекувајте да бидеме четврти или петти на квалификациите и трети, четврти или петти на трката.“

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook