Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Алонсо работи напорно на новиот болид
19.12.2011

Како што потврди лицето за односи со јавноста на италијанскиот тим, болидот на Ferrari кој што Рори Брн и Николас Томбазис го подготвуваат во Маранело ќе дебитира на првите официјални тестови...

alonso-11-1-2011-1

наредната година.

Според информациите кои што доаѓаат од Маранело, болидот ќе биде претставен пред првите тестирања во Херез, додека според сите планови на Јужноафриканецот Брн, болидот не би имал никакви пречки да ги направи своите први километри на првите редовни тестирања. Сепак Италијанците не прецизираа точен датум на промоцијата на новиот болид.

„Дефинитивно, проектот на кој работиме оди перфектно и нема никакви проблеми. Се работи за нешто многу поразлично од претходно,“ - потврди Лука Колојани.

Од друга страна, шпанскиот „АС“ пренесува дека Фернандо Алонсо во неколку наврати го посетил Маранело по завршувањето на сезоната, работејќи лично со Брн и Томбазис на новиот болид.

„Тој постојано патува во Маранело со цел да има контрола врз работите, тестирајќи во симулаторот неколку дена во низа,“ - објаснуваат од шпанскиот медиум. „Дури тој не ни присуствуваше на промоцијата на Shell во Мадрид, нешто што Алонсо од секогаш го правел кога се во прашање главните спонзори на тимот.“

„Место во Мадрид, Алонсо ги помина претходните денови во Италија, тестирајќи различни солуции за новиот болид преку симулаторот.“

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook