|
Место на подиумот беше она на што целеше Фернандо Алонсо овој викенд и токму таму заврши на крајот. Третото место зад Фетел и Батон е одличен резултат за Шпанецот, кој признава дека...

ќе биде многу тешко да му се „украде“ второто место во поредокот на Џенсон Батон.
Двократниот светски шампион истакна дека Ferrari е многу побавен во однос на Red Bull и McLaren и од таму произлегува песимизмот кога е во прашање второто место во поредокот, иако разликата помеѓу него и Британецот е само 13 поени.
„Убаво е да завршиш на подиум на прва трка како што е оваа во Индија и среќен сум што дома ќе однесам нов трофеј,“ - изјави Алонсо по трката. „По оваа трка, второто место иако е достижно, ќе биде тешко да се освои бидејќи McLaren и Батон се во многу добра форма. Ние знаеме дека на хартија сме многу побавни од Red Bull и McLaren, но сепак успеваме да завршиме на подиум.“
„Честитки за комплетниот тим кој успеа да го реши проблемот кој што го имавме со предното крило на дваесетина минути пред стартот на трката. На стартот, не бев сеуште навикнат на него и поради тоа Батон успеа да ме претекне.“
Алонсо исто како и своите колеги, изрази сочуство за Велдон и Симончели, кои што ги загубија своите животи претходните две недели.
„Ова беше специјален ден, полн со измешани емоции. Подиумот не може да ја надокнади тагата поради смртта на двајца наши колеги, Ден Велдон и Марко Симончели. Стануваше збор за две специјални личности.“ - заврши Алонсо.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|