|
Шумахер и понатаму останува да биде „заштитниот знак“ на Ф1 и покрај неуспешниот кам бек. Вакви епитети на адреса на Германецот испрати неговиот најголем ривал од последните...

две години во Ferrari, додавајќи дека восхитот на неговите успеси и понатаму останува ист.
Не е тајна дека меѓусебната почит помеѓу Шумахер и Алонсо постојат веќе долги години, а двајцата во неколку наврати во минатото си препишувале меѓусебни пофалби. Иако во минатото Алонсо на неколку пати преку медиумите потенцираше дека FIA е наклонета кон Ferrari и Шумахер, сепак никогаш не криел дека токму достигнувањата на седумкратниот светски шампион се она кон што цели.
„Би рекол Михаел Шумахер, кој секогаш ќе биде шампион за сите нас,“ - одговори Алонсо на прашањето кој возач би сакал да го предизвикува во секој дел од трката. „Ние секогаш ќе го почитуваме она што тој го постигнал. Шумахер е возач кој нема што да докажува повеќе, бидејќи седумте титули говорат сами за себе.“
Запрашан да даде објаснување на слабата форма на Шумахер по враќањето, каде што не успеа да стигне до ниту еден подиум, Алонсо одговори дека најголем фактор за неговиот неуспех е неконкурентниот болид на Mercedes.
„Сите знаеме дека болидот е најважен во Ф1, а Mercedes немаше добри сезони. Но јас верувам дека доколку Mercedes му испорача конкурентен болид, тогаш тој и Нико Розберг ќе бидат фаворити за победата на секоја трка. Токму тој факт мораме да го почитуваме и не смееме да го занемариме.“ - заврши Шпанецот.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|