|
22.02.2008 |
Три седмици пред стартот на првиот тркачки викенд во
Мелбурн, Австралија од сезоната во Формула 1, Алонсо вели дека болидот на Renault не е во
позиција да се натпреварува за победа.
Изјавите на Алонсо дадени за шпанската новинска агенција
EFE сугерираат дека и борбата за место на подиумот е ставена
под знак прашалник, а за победа воопшто ниту не станува збор.
„Каде сме ние? Прилично далеку наназад,” изјавил
двократниот светски шампион во Барселона на предпоследното зимско тестирање.
„Не сме во позиција да сториме било што во врска со McLaren,
Ferrari, па дури и BMW. Нормално Ferrari се фаворити, но не
се свет за себе. Додека ние и припаѓаме на група во која се Williams и Red
Bull,” додал Алонсо.
26 годишниот Шпанец воедно верува дека и покрај миксот од
резултати што доаѓа од таборот на BMW Sauber, германскиот тим и
нивниот болид за 2008 се единствени што можат да им парираат на Ferrari
и на McLaren.
„Тие се многу брзи,” заклучува Алонсо. „Секогаш тестираат
со полн резервоар гориво и постигнуваат одлични времиња.”
|