Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Алонсо во одбрана на Маса
10.11.2011

Фелипе Маса беше миленикот во Маранело се додека Фернандо Алонсо не премина меѓу „црвените“. Од враќањето по повредата во Унгарија, Бразилецот е втора виолина во тимот, но Алонсо...

alonso-massa-smile-1-2011-1

негира дека токму тој е виновен за нарушената самодоверба на својот тимски колега, а од таму и лошите резултати изминатите две сезони.

Нивната заедничка соработка не почна баш сјајно, па неколкуте сериозни дуели помеѓу нив двајца, а потоа и пропуштањето во Германија наговестуваа наелектризиран однос во Маранело. По неколку месеци, целата ситуација се смени, а Алонсо открива дека е многу близок со својот тимски колега, додавајќи дека е најдобриот кој што го имал досега.

„Не мислам дека неговата самодоверба е нарушена. Според мене, тој сеуште е истиот возач од порано, многу тежок за победување,“ - потенцираше Алонсо. „Го видовме тоа на последните шест трки, особено на квалификациите. Ние сме поблиски од било кога и заедно работиме на сите елементи од викендот.“

Запрашан зошто добрата форма на Маса од квалификациите не е преточена и на трката, Алонсо одговори: „Искрено, не знам. Многу е потешко да испорачате добар резултат со неконкурентен болид, но според мене Фелипе сеуште е еден од најдобрите возачи во светот. Убеден сум дека доколку наредната сезона имаме компетитивен болид, тој ќе биде еден од фаворитите за победа на секоја трка.“

Колку за потсетување, Алонсо се наоѓа на третото место во поредокот со 227 поени и забележана една победа, додека неговиот тимски колега е шесттопласиран, без ниту едно искачување на подиумот оваа сезона.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook