|
По обезбедното второ место кое е над очекувањата кои што ги имаше пред трката, Фернандо Алонсо истакна дека цела трка возел во квалификациски стил, притискајќи во секој круг, но Хамилтон...

на крајот бил недостижен.
Уште на самиот старт, успеа да го претекне Вебер, а потоа го искорити излетувањето на Фетел и стигна зад Џенсон Батон, кој не успеа да го задржи Шпанецот зад себе. Сепак, Хамилтон беше „преголем залак“ за извонредниот Алонсо, кој не го криеше задоволството и од второто место.
„Се обидов, но беше невозможно да се стигне до победата. Цела трка возев против времето по круг, возејќи како на квалифиакции. Иако надокнадував десетинка по десетинка, Хамилтон беше недостижлив,“ - објасни Алонсо. „Во еден момент успеав да стигнам под две секунди разлика, но подоцна имав мали проблеми и загубив две додатни секунди и Хамилтон се оддалечи.“
Запрашан за неговото мислење за формата на Ferrari сезонава, откако McLaren успеа да стигне до шестата победа оваа сезона, во споредба со нивната единствена во Силверстоун, Алонсо додаде: „Тоа е минато. Гледаме кон она што претстои пред нас, а тоа е трката во Бразил. Да бидам искрен, сакам да настапиме и на последната трка и целосно да се посветиме на наредната сезона.“
„Не дека тоа е поради лошата сезона, туку поради тоа што и покрај лошите резултати, успеавме да се подобриме, иако не успеавме да стигнеме до шампионската титула. Она што е наша цел е освојување на шампионската титула наредната сезона, а тоа е нашата најголема мотивација во претстојниот период.“ - заврши Алонсо.
Првземено од: pitstop.com.mk!
|