|
10.12.2007 |
Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо и дебитантот
во Формула 1, бразилецот Нелсон Пике Помладиот се возачката постава во тимот на
Renault во Формула 1 за 2008.
Алонсо откако мина една сезона во McLaren му се
враќа на тимот на Renault. Меѓу 2003 и 2006 во кокпитот на болидот на
Renault, Алонсо освои 15 гранпри победи и двете шампионски титули 2005 и 2006.
Со враќањето на Алонсо во тимо Бријаторе се надева дека
тој ќе ја има клучната улога во воздигнувањето на тимот на врв каде и што се
наоѓаше пред катастрофалните остварувања годинава.
Болидот во која ќе седи Алонсо во 2008 именуван како R28 за првпат
ќе се појави на тркачка патека на три дневниот тест во Валенсија од 22 до 24
јануари.
Болидот официјално ќе и биде претставен на светската
јавност во Париз на 31 јануари 2008.
|