Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Алонсо задоцнил за подиумот
18.10.2011

Откако успеа да им се приклучи на Хамилтон, Вебер и Батон во последните кругови од денешната трка, Алонсо преку тимското радио им соопшти на своите инженери „се предавам“. По трката,...

alonso-trka-1-2011-1

Шпанецот изјави дека откажувањето од битката за подиумот се должела на доцниот приклучок со останатите конкуренти.

Иако трката ја заврши со 3,6 секунди зад второпласираниот Хамилтон, Алонсо објасни дека откажувањето во битката за подиумот било поради преостанатите два круга од трката, кои биле сосема малку за достојна битка.

„Извозев 20 квалификациски круга за да стигнам до нив, а откако ги прашав моите инженери уште колку круга има до крајот на трката, тие ми одговорија само два,“ - објасни Алонсо. „Поради тоа им кажав дека се откажувам.“

Запрашан дали дуелот со Маса го чинел место на подиумот, двократниот светски шампион одговори: „Не бев толку брз во тој период од трката. Имав проблеми со супер-меките пневматици во првиот дел од трката. Мојот преден десен пневматик беше уништен по само три-четири круга па морав поради тоа да калкулира во преостанатите кругови за да ги сочувам останатите.“

„По првото менување, се најдов зад Шумахер и Петров и малку фалеше и јас да ја завршам трката. Подоцна, се најдов зад Нико и мислам дека таму изгубив малку време, но најбрз бев при последниот стинт и вечерва ќе анализираме зошто тоа беше така. Искрено, ниту јас не знам зошто.“

Алонсо исто така не верува дека на преостанатите три трки до крајот на сезоната, Ferrari ќе успее да ја намали разликата во однос на Red Bull и McLaren.

„Не верувам, бидејќи на жалост, ќе останеме прилично зад нив. Моментално, ние сме побавни за осум или девет десетинки судејќи според времињата на квалификациите, но на трка сите сме тука некаде. Денес четири болиди завршивме во разлика од две секунди.“

„Како и да е, продолжуваме и понатаму да притискаме, па доколку имаме можности за финиш на подиум, се надевам дека ќе ги искористиме. Секако, би прифатиле и победа, што би било многу добар крај на оваа сезона.“ - заврши Алонсо.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook