Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Аргентина се подготвува за Ф1
20.12.2011

Земјата на танготото е последната во низата на потенцијални идни домаќини на најбрзиот октански циркус на светот, откако беа откриени плановите за новата патека на 80 километри оддалеченост...

argentina-98-1-2011-1

од Буенос Аирес.

Аргентина не е нова дестинација во Ф1, бидејќи за последен пат болидите беа присутни во 1998 година, а новата патека која што ќе се гради според најголемите стандарди на FIA во превод ќе значи враќање на Ф1 во јужноамериканската земја.

Според дизајнерите, патеката ќе биде долга 5,5 километри и ќе се наоѓа во областа Зарате.

„Ние сме среќни што можеме да придонесеме за враќање на Ф1 во Аргентина, што посекако ќе има економска полза кон регионот,“ - истакна Џон Роудс, претставникот на дизајнерската компанија - „Популос“. „Во изминатите пет години развивме софтвер и технологија која ќе ни помогне физички да го симулираме новиот дизајн на патеката.“

„Токму таа технологија ни овозможи топографски да ја поставиме патеката, која ќе биде средно-брза и ќе се простира на 63 хектари површина.“ - заврши Роудс.

Покрај Аргентина, заинтересираност за место во календарот постои и во Јужна Африка и Мексико, кои веројатно ќе им се приклучат на новите патеки во Њу Џерси, Остин и Сочи по 2013.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook