Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Барикело ја стокми кацигата за 2012
01.12.2011

Непотврденото возачко место за наредната сезона не претставува никаков проблем за Рубенс Барикело да го подготвки новиот дизајн на кацигата која наводно ќе ја користи наредната сезона.

barrichelo-lice-1-2011-1

Развеаното шаховско знаменце на патеката Интерлагос можеби беше неговото последно во кариерата, бидејќи се погласни се шпекулациите дека Адријан Зутил и Валтери Ботас се најсериозните кандидати за возачкото место во Williams покрај она сигурното на Пастор Малдонадо. Во игра беше и Кими Раиконен, но според последните шпекулации тој е многу поблиску до тимот на Lotus Renault, од каде што го потврдија интересот за шампионот од 2007.

Но и покрај ваквиот расплет на настаните, Рубенс Барикело не се откажува. По трката, од таборот на Williams порача дека и наредната сезона тој ќе биде дел од возачкиот поредок во Ф1.

За да не остане само на зборови, Барикело ги покажа и новите бои на неговата кацига, кои се дело на неговиот син.

„Знам кое ви е првото прашање кон мене и уште одма ќе ви одговорам дека не се повлекувам,“ - нервозно додаде Бразилецот. „Поради тоа, ќе ви го покажам цртежот за кацигата кој е дело на мојот син Фефе. Токму со оваа кацига ќе ја започнам наредната сезона.“

Превземено од: pitstop.com.mk!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook