Џенсон Батон победи на Големата награда на Австралија,
првата трка од сезоната во Формула 1, и го врати на голема врата во Најголемиот
циркус на планетата генијалниот Рос Браун.
Батон водеше од старт до цел и успеа да ги победи
тимскиот другар Барикело и Светскиот шампион Луис Хамилтон во трка која заврши под
контрола на Safety Car заради инцидентите што се случија
пред крај.
Барикело исто така импресионираше со својот настап по
спориот старт и му ја донесе на новиот тим во Формула 1, Brawn
GP првата еден – два победа.
Нивниот успех секако се должи и на невниманието, или,
доколку повеќе милувате инаетењето на Себастијан Фетел – Red
Bull и Роберт Кубица – BMW кои се судрија пред крајот на трката додека возеа на
втората, односно третата позиција.
По крајот на трката беше направена истрага во која Фетел
беше најден за виновен за предизвиканиот судар и заработи казна во висина од
50.000 долари.
Двајцата возачи имаа неславен крај и беа причина на
патеката да излезе Safety Car по чие водство трката и заврши.
Победата на Батон е подеднакво значајна како за Браун така
и за неговиот тим Brawn GP. Воедно Brawn GP се запиша во аналите на спортот како прв тим по 1977 кој
успеал да победи на својата дебитанстска трка во Формула 1.
Победата на Батон е значајна и за него бидејќи ГП
Австралија е второ гранпри освоено во десет годишната кариера на Англичанецот.
Светскиот шампион Луис Хамилтон трката ја заврши на третото
место откако стартуваше од 18. стартна позиција, додека Алонсо мораше да се
задоволи со петото место.
Интересно е што втора година по ред Ferrari на првата
трка од сезоната завршува без освоен бод. Фелипе Маса возеше на третата
позиција додека во 45. круг не му откажа болидот.
За трагедијата да биде уште поголема Кими Раиконен, откако
се чешна од Барикело три круга подоцна се изврте на патеката и заврши во
безбедносниот ѕид уништувајќи го болидот.
И додека италијаните тагуваа, германците ликуваа. Mercedes
благодарение на своите мотори кои покрај McLaren работат и
во болидите на Brawn, смете се пред себе и освои 1 – 2 – 3 победа.
Едноставно Сребрената ѕвезда извлече најмногу од она што
го поседува. Одличните мотори.
ГП Австралија резултати
Шампионат возачи
Шампионат конструктори
|