Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Батон не ги „е*е два посто“ Хамилтон и Маса
03.11.2011

Спектакуларно, изненадувачки и целосно неочекувано, на Џенсон Батон му „пукна филмот“. Британецот откако беше запрашан за дуелите и инцидентите на Хамилтон и Маса, жестоко реагираше...

button-lewis-1-2011-1

и ги замоли медиумите да не го прашуваат повеќе за Луис Хамилтон и останатите возачи.

На шампионот од 2009 му е преку глава од прашања за својот тимски колега и неговото возење и однесување во последно време, па дури и со недоличен речник им возврати на новинарите.

Запрашан што мисли за новиот инцидент помеѓу Хамилтон и Маса, Батон одговори: „Не ги е*ам два посто“.

„Ако сакате интервју со мене, прашувајте ме за работи поврзани со мене, а не за Луис или некои други возачи. Преку глава ми се таквите прашања.“

Батон оваа сезона ужива потполна доминација и доверба во McLaren, откако успеа да биде многу поконстантен од својот тимски колега. Британецот имаше попристоен коментар на прашањето за неговата состојба во McLaren.

„Ова беше предизвикот кој што го посакував, да дојдам во McLaren и да му се спротиставам на Луис кој беше неприкосновен во изминатите сезони.“ - одговори Батон. „Второто место во поредокот? Нема некое посебно значење, освен дека сум најдобриот возач зад оној кој го имаше најдобриот болид оваа сезона.“

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook