|
Ако многумина мислат дека враќањето на Раиконен во Ф1 ќе помине како „подмачкано“, Герхард Бергер не е дел од оптимистичкото друштво. Поранешниот Ф1 возач го советува Финецот…

да ја подобри дисциплината и да остане понастрана од водката, која веќе долги години е негов препознатлив знак.
Сигурно сеуште се сеќавате на пијаните испади на Финецот додека беше дел од McLaren, нешто што подоцна откако премина во Ferrari и не беше така честа пракса. Сепак, во периодот додека беше надвор од Ф1, Раиконен многу пати беше забележан во алкохолизирана состојба, а според Герхард Бергер, „блескавите“ моменти на „Ајсмен“ нема да му помогнат во враќањето на врвот во Ф1.
„Кими е птица која секогаш сака да биде слободна и да лета, но несомнено и дава многу бои на Ф1,“ - објасни Бергер. „Неговото враќање е позитивно за секого. Но прашањето е дали е тој подготвен да го достигне врвот повторно? Би рекол дека за тоа потребно би му било многу дисциплина и држење на раката што подалеку од водката.“
„Би бил изненаден доколку повторно се врати на врвот каде што некогаш беше. Јас сеуште мислам дека тој е многу брз возач кој не смее од никого да биде потценет.“ - заврши Австриецот.
Раиконен ги започнува своите први тестирања во болидот на Lotus во јануари, две недели пред сите, односно пред првите официјални тестирања во Херез.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|