|
По големиот бран на „новодејденци“ во Ф1 календарот и уште неколку во најава, тимскиот шеф на Mercedes бара од FIA и раководството на Ф1 да ги задржат старите трки кои го прават спортот...

толку привлечен и атрактивен.
Сингапур, Абу Даби, Кореја и Индија се веќе меѓу класиците, САД со две трки и Русија се веќе во надоаѓање, а Мексико, Франција и Јужна Африка најавуваат скорешен влез во елитното друштво. Порастот на „гуштерите“ во Ф1 календарот е нешто што го загрижува Рос Браун, кој инсистира на зачувување на старите класици во друштвото, бидејќи токму тие ја направиле Ф1 она што е денес.
„Она што најмалку го посакуваме е губење на старите трки. Ние и понатаму можеме да дебатираме која трка е попривлечна во споредба со друга, но не сакаме да го изгубиме нашето историско наследство,“ - побара Браун. „Токму тие трки се оние поради кои Индија, Кореја и останатите земји сакаат да бидат дел од друштвото.“
„Доколку ги изгубиме трките како Монца, Силверстоун, Монако и останатите, тогаш Ф1 нема да биде толку атрактивна колку што е во моментов.“
Зачудувачки или не, Браун бара трки во САД и Русија, пред се поради интересот на Mercedes за пласирање на нивните автомобили на тие пазари.
„Има делови во Конкорд договорот со кои се наведуваат одделни земји кои треба да се вклучат во Ф1, особено оние надвор од Европа. Тимовите бараат дополнителни трки, како оваа во Индија, или Русија или дополнителна во САД. Ние посакувавме трки во тие земји и драго ни е што Берни успеа во таа цел.“
„Сепак, не сакаме повеќе од 20 трки по сезона бидејќи на крајот на сезоната мораме да спојуваме три трки едно по друго, а тоа значи големо отсуство за сите нас од дома.“ - заврши тимскиот шеф на Mercedes.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|