|
Еден од најголемите поддржувачи и фанови на Кими Раиконен и негови претходник во McLaren, двократниот светски шампион - Мика Хакинен, не му предвидува лесен кам бек на...

„Ајсмен“. Според постариот Финец, Раиконен ќе нема доволно време да се адаптира на новите болиди поради кратките зимски тестирања.
Токму Хакинен беше оној кој го советуваше Рон Денис да го ангажира Раиконен во McLaren, откако „летечкиот Финец“ се повлече од спортот. По неговите стапки тргна и неговиот помлад сонародник, но за разлика од него, Раиконен се враќа во спортот. Според Хакинен, враќањето на Раиконен нема да биде така лесно поради изменетите околности во кои што се наоѓаат сегашните возачи од периодот кога тој беше дел од „друштвото“.
„Тој буквално нема да има време да го тестира болидот. Ќе има можност само пет или шест дена да тестира, а доколку заглави во проблеми, ќе нема воопшто време да ги корегира истите,“ - гласи советот на Хакинен. „Во минатото, тестиравме од утро до ноќ и така станувавме се побрзи и побрзи.“
Поради таквиот сплет на околности, Lotus веќе го подготвува Раиконен на тест со болидот од 2009 година, пропратен со пневматиците кои што се користат во GP2 серијата.
„Не е важно дали претходно сте биле или не сте биле шампион. Оваа конкуренција во Ф1 во моментов е пеколна. Фитнесот и техничката подготвеност е само дополнителна предност за Ф1 возачите во однос на останатите, бидејќи овие возачи во моменталниот поредок работат многу напорно.“
„Токму поради тоа мислам дека враќањето на Кими нема да биде така лесно.“ - заврши Хакинен.
За разлика од него, пооптимистички изјави доаѓаат од Џанкарло Физикела, тимски партнер на Раиконен во вториот дел од неговата последна сезона во Ф1, како и од Џенсон Батон.
„Ф1 е искуство кое што никогаш не можете да го заборавите. Не мислам дека враќањето во спортот ќе биде потешкотија за Раиконен.“ - нагласи Физикела.
Џенсон Батон беше далеку пооптимистичен, додавајќи: „Ова е добро нешто за спортот бидејќи ќе имаме многу поконкурентни возачи. Од она што го слушнав од механичарите во McLaren, Раиконен е неверојатен возач кој знае многу добро да го сетира болидот.“
Во моментов, Раиконен работи на намалување на својата телесна тежина за барем четири килограми, по барање на инженерите во тимот во пресрет на зимските тестирања.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|