Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Хамилтон го брани својот менаџерски тим
16.12.2011

По нападите на Берни Еклстоун во кои што првиот човек на Ф1 го нарече менаџерскиот тим на Хамилтон „вистинска катастрофа“, Британецот денес во „Гардијан“ излезе во одбрана на...

hamilton-lice-2-2011-1

„Ентертејмент XIX“, префрлувајќи ја вината за лошата сезона на своја адреса.

Хамилтон ја ангажираше познатата компанија која претходно ги застапуваше „Спајс грлс“, која е управувана од Симон Фулер, откако ги прекина бизнис односите со својот татко. Хамилтон Сениор во моментов го застапува Пол ди Реста, големата британска надеж, а според Берни Еклстоун, возачот на McLaren направил огромна грешка кога се разделил со својот татко.

„Господинот Е“, гласно ги критикуваше новите менаџери на Хамилтон, опишувајќи ги како луѓе кои го водат Британецот во погрешна насока. Но на таквите напади, во одбрана на компанијата на Фулер излезе Хамилтон, кој си ја препиша вината за лошата сезона на самиот себеси.

„Причината за лошата сезона лежи само кај мене, кај никој друг,“ - објасни Хамилтон за „Гардијан“. „Тие посакуваа да бидат присутни на секоја трка и да ми даваат поддршка, но јас не го посакував тоа бидејќи сакав на некои трки да бидам сам. Признавам дека згрешив и во иднина ќе ги гледате се почесто до мене.“

„Тие се навистина добри и ме поддржуваат во целост.“ - заврши Британецот.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook