|
18.06.2007 |
Луис Хамилтон ја освои втората по ред победа во својата
куса гранпри кариера. Во Индијанаполис во една напната завршница го победи
својот тимски другар Фернандо Алонсо за 1,5 секунди.
Хамилтон ја освои полпозицијата, стартуваше во негов стил
– одлично, го одби нападот на Алонсо во првиот свијок и продолжи до целта
минувајќи прв под чекираното знаме.
Алонсо го следеше во чекор во текот на целтата трка.
Обидите да го престигне не успеаја, ниту во бокс. Тимските другари едвај ги
делеше секунда во текот на целата трка. Алонсо не успеа во обидите и мораше да
се задоволи со второто место.
Маса и Раиконен ги следеа на третото и четвртото. Со 12 и
15 секунди задоцнување зад победникот возачите на Ferrari немаа
реална шанса против McLaren.
Хамилтон со победата во Индијанаполис докажа дека е
подготвен да издржи притисок и да не попушти под нападите на поискусните
возачи. Па дури и од еден двократен светски шампиона каков што е Алонсо. Оваа
особина го лансира во врвот на најдобрите возачи во Формула 1.
Иако е сеуште рано да се предвидува, но доколку продолжи
со вакво темпо шансите за титула се реални.
|