|
Во сите досегашни сезони, Луис Хамилтон бил поуспешен од својот тимски колега, почнувајќи од 2007 со Фернандо Алонсо, а потоа следуваше Хеики Ковалаинен во двете сезони кои следеа,...

за минатата да биде поуспешен од Џенсон Батон. Сепак, оваа сезона, поискусниот Британец во McLaren успева да заврши пред Хамилтон, а според Мартин Витмарш причината за таквиот епилог е потценувањето на Џенсон Батон.
Сезоната на Хамилтон е исполнета со многу казни, уште повеќе инциденти и неколку неразумни потези. Иако можеби никој не веруваше дека Џенсон Батон може да заврши пред Хамилтон во поредокот, шампионот од 2009 го стори истото, а тимскиот шеф на McLaren уште еднаш потенцираше дека потценувањето му оди во полза токму на неговиот подобар возач оваа сезона.
„Луис очекува повеќе од себе, исто како што светот очекува повеќе од него,“ - истакна Витмарш. „Џенсон е личност кого е лесно да се потцени. Тоа можеби не ги загрижува оние кои не го знаат, но јас по овие две сезони одлично го познавам неговиот карактер.“
Запрашан дали Хамилтон го потценил Батон оваа сезона, тимскиот шеф на McLaren одговори позитивно: „Да бидеме искрени, тој сигурно го потцени својот тимски колега.“
„Во целата негова досегашна Ф1 кариера, Луис ги уништуваше своите тимски колеги. Дури и во првата, кога Алонсо беше двократен светски шампион, а тој беше дебитант во Ф1.“ - заврши Британецот.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|