|
Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо го признаа поразот од Себастијан Фетел во битката за шампионската титула, додавајќи дека нивните шанси за освојување се минимални. Возачот на Red Bull заврши...

како победник на шест од досегашните осум трки. Тоа му овозможи предност од 77 поени во однос на неговите најблиски ривали, Џенсон Батон и Марк Вебер.
Хамилтон и Алонсо се наоѓаат на четвртата и петата позиција во генералниот пласман, со 89 и 99 поени негатива во однос на Фетел.
„Во поглед на битката за шампионската титула, битката реално е завршена.“ - изјави Хамилтон.
И покрај тоа, Хамилтон се фокусира на престојната трка во Британија, и се надева на добар настап пред домашните фанови.
„Фановите секогаш го прават викендот поубав. Се надевам дека временската прогноза ќе биде на наша страна. На трката ќе го дадам мојот максимум, и ќе се обидам да бидам што е можно побрз на патеката.“
Фернандо Алонсо го дели мислењето на Хамилтон, додавајќи дека одбраната на шампионската титула на Фетел е неизбежна.
„Освојувањето на шампионската титула не е во нашите планови. Ако некој мисли дека ние можеме да ја освоиме шампионската титула со осум десетинки побавен болид од Red Bull, тогаш тие не ја разбираат Ф1.“ - изјави Алонсо.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|