|
Луис Хамилтон го промени своето мислење откако по завршувањето на ГН на Европа заедно со поранешниот тимски колега Фернандо Алонсо му ја поклонија титулата на Себастијан Фетел.

Хамилтон изјави: „Битката за титулата е завршена уште во овој момент.“
Но, Хамилтон подоцна се демантираше самиот себеси на својот твитер профил.
„Порака до сите мои фанови, игнорирајте го напишаното во медиумите денес. Јас и мојот тим не се откажуваме од битката, и нема никогаш да се откажеме.“ - напиша Хамилтон.
Ваквите изјави не ги изненадија медиумите на Островот. Sunday Express пренесе дека промената на мислењето кај Хамилтон најверојатно доаѓа по иницијатива од неговиот тим, додека Daily Telegraph објави дека на Хамилтон му бил потребен добар сон за да ја разбистри својата глава.
За разлика од британците, францускиот L'Еquipe смета дека првичното мислење на Хамилтон било исправно, додавајќи дека „Фетел е осамен во битката за шампионската титула.“
Превземено од: pitstop.com.mk!
|