|
По победата во Германија, паузата од пет трки без пласман на подиумот заврши за Луис Хамилтон. Британецот иако не успеа да ја зачува првата позиција од квалификациите, се искачи на едно...

скалило пониско од победничкото, а по трката изјави дека никогаш не престанал да верува во себе во изминатиот период.
Британецот стартуваше од првата позиција и успеа да ја сочува се до свиокот број четири, каде што беше претекнат од Себастијан Фетел. Лошиот период без пласман на подиум е зад него, а шампионот од 2008 по трката истакна дека никогаш не се сомневал во своите квалитети, иако беше мета на многу критики од Ф1 јавноста во изминатиот период.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Тоа е нешто што постојано го правев,“ - самоуверено изјави возачот на McLaren. „Од секогаш ја имав довербата од тимот, а она што ми преостануваше е да ги избегнувам проблемите, канцеларијата на стујардите, да ја наведнам главата и да испорачам добар резултат.“
Победата беше далеку од дофатот, но Хамилтон истакна дека е задоволен од резултатот бидејќи проблеми со управувањето на болидот го спречиле да му се спротистави на Фетел.
„Ова беше добра трка за мене. Марк имаше добра трка, а Себастијан беше исклучително брз. На крајот, беше многу тешко да му се приближи. Имав проблеми со надуправливоста на болидот, но како и да е, ова беше добар викенд за мене во споредба со оние претходните.“ - заврши Хамилтон.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|