Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Хамилтон се сомнева во апетитите на Шумахер
17.11.2011

Дали зад последните изјави на Хамилтон поврзани со Михаел Шумахер сведоци сме на едно ново потајно ривалство? Возачот на McLaren изјави дека апетитите на Шумахер за успех не се...

schumi-retrovizor-1-2011-1

онакви какви што биле во неговата ера во Ferrari, предвидувајќи дека Розберг и во иднина ќе продолжи да биде подобриот возач на Mercedes.

Нико Розберг, поранешниот тимски колега на Хамилтон од картинг сериите потпиша продолжување на договорот пред трката во Абу Даби, а Британецот верува дека германскиот колега ќе биде поуспешен и наредната сезона од седумкратниот светски шампион. Причината поради тоа Хамилтон ја гледа во недоволниот апетит за успех кој што Шумахер го има по враќањето во Ф1.

„Нико го знам многу добро и знам дека ќе даде се од себе за да го победи Михаел. И тој тоа го прави,“ - истакна Хамилтон. „Убеден сум дека ќе ја одржи разликата до крајот на сезоната. Нико е гладен за успех, немам сомнеж во тоа. Иако не победил на ниту една трка досега, тој има уште многу време пред себе да го стори тоа, па дури и да стане Ф1 шампион.“

„Кога Шумахер беше во истиот период од кариерата, тој беше исто толку гладен за успеси и поради тоа стигна до седум титули и 91 победа. Не мислам дека апетитите за успех му се исти како и тогаш.“

За разлика од Хамилтон, Герхард Бергер не го дели истото мислење, додавајќи дека присутноста на Шумахер во Ф1 се должи поради неговата репутација и успеси кои сеуште се паметат.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook