Get Adobe Flash player
Хамилтон со нов договор
08.01.2008
hamilton-denis-mclaren.jpgMcLaren одлучи да си го присвои Луис Хамилтон се до 2012 година така што му даде понуда која неможе да се одбие. Имено за својата верност на тимот Хамилтон ќе инкасира 138 милиони долари.

Според пресметките Хамилтон кој вчера наполни 23 години во просек ќе заработува по 27 милиони долари по сезона во наредните 5 години, што е огромна разлика во однос на минатогодишниот бонус од само 700.000 долари за второто место во шампионатот за возачи.

Според договорот платата на Хамилтон за 2008 ќе изнесува 17 милиони долари плус бонус од 6 милиони долари доколку успее да му ја донесе на тимот првата титула по онаа во 1999 со Мика Хакинен.

„Од секогаш сум велел дека ќе бидам среќен доколку останам во тимот на McLaren во текот на целата моја карирера само ако тие ме сакаат,” изјави Хамилтон по објавувањето на договорот.

„Мојот однос со тимот е одличен уште од времињата на мојата картинг кариера и целосно сум подготвен да го водам годинава кон титула. Минатата година таа врска се продлабочи и зацврсна уште повеќе поради нивната целосна подршка и на патеката и надвор од неа.”

Хамилтон неодамна се пресели во Швајцарија поради лични причини, но, секако и поради пониските даноци.

 

 

 

Facebook