Get Adobe Flash player
Хамилтон со победа в рака
12.06.2007
hamiltonВозачот на McLaren се избори за победа во со акција набиената трка за ГН на Канада во која safety car излезе 4 пати, Кубица спектакуларно излета и Маса и Физикела беа дисквалификувани.

ГН на Канада беше прекрасна трка, но трка што беше тешко да се следи откако болидот на Кубица го напушти асфалтот со 290 km/h, скокна во воздух, удри во барикада, се преврте, ја премина патеката и се скрши удирајќи во ѕидот од спротива.

Состојбата на Кубица беше нејасна кратко по сударот, но набрзо добивме информација дека претрпел исчашување на скочниот зглоб и бил во безсознание.

Тимскиот другар на Хамилтон, Алонсо имаше лоша трка, излета во првиот круг на првиот свијок, го оштети подот на болидот и му дозволи на Хајдфелд да го мине и на крајот да го осви второто место.

Во меѓувреме Лиуци, Трули, Алберс, Сатил се судрија со ѕид, Маса и Физикела добија црно знаме поради напуштање на боксот под црвено светло на семафор, Раиконен изгледаше аут, а Ковалаинен се истурка од последно до четврто место.

По брз од било кој возач на патеката, по прибран, по постојан, по само шест трки Луис Хамилтон води во генерален пласман за возачи во Формула 1 со 8 поени.

Во неговата дебитантска сеозна за памeтење.

hamco-bolidhamco-pehar

 

 

 

Facebook