Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Хелмут Марко стравува од формата на Хамилтон
24.11.2011

Деновите до крајот на сезоната веќе се бројат на прсти, а сите погледи на тимовите се веќе насочени кон наредната сезона. Она што остана за одбележување на последните трки е...

hamilton-ss-1-2011-1

камбекот на Хамилтон на голема сцена, кој со победата во Абу Даби и претходно пол позицијата во Индија го загрижи консултантот на Red Bull, кој стравува од Британецот доколку тој продолжи со исто темпо и наредната сезона.

По трката во Абу Даби, Хелмут истакна дека доколку Фетел не се откажеше, Хамилтон немаше да ја има победничката насмевка на неговото лице. Сепак, за германскиот „Ауто мотор унд спорт“, Австриецот изрази загриженост од противник како Хамилтон, доколку возачот на McLaren го демонстрира истиот перформанс во иднина.

„Нас немаше да ни биде лошо доколку Хамилтон останеше мирен уште некое време,“ - изјави консултантот на Red Bull. „Кога тој е 100% вратен во форма, тогаш тој е противник за почит.“

Покрај Хамилтон, Марко имаше збор-два и за неговиот тим, кој се издигнал од сите останати како единствен тим кој може да им парира на Red Bull.

„Тие се како териер, кој гризе и откинува полека на секоја трка. McLaren ги преброди сите кризи, а тоа ја покажува нивната класа во овој спорт.“

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook