Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Хет-трик за Маса во Турција
12.05.2008
felipe-massa-turkey-2008-1.jpgФелипе Маса ја освои својата седма победа во Формула 1 во кариерата и третата едноподруго победа во Турција со што ја потврди репутацијата непобедлив на асфалтот во Истанбул.

Воедно Маса го потврди тврдењето дека на патеката во Истанбул победува тој што ја има полпозицијата. Иако голема, сепак победата во Турција за Бразилецот не беше лесна, но затоа е уште послатка, посебно, бидејќи го враќа Маса во трката за шампионска титула. Возачот на Ferrari сега во шампионатот за возачи го дели второто место со Луис Хамилтон и заостанува зад водечкиот, тимскиот другар Раиконен, седум бодови.

Маса не само што победи на трката, тој излезе како победник и во дуелот со Хамилтон што на крајот од денот го направи уште посреќен. „Овде ја освоив својата прва победа во кариерата во Формула 1 и тркањето на оваа патека има посебно значење за мене,” изјави Маса. „Да се победи три пати од три обиди е извонредно, се чувствувам како ... навистина немам зборови. Најверојатно ова е добра препорака за добивање на турски пасош,” се пошегува Маса на крај.

Големата награда на Турција имаше подеднакво големо нзачење и за најголемиот ривал на Маса во Истанбул, Луис Хамилтон. Без оглед што трката ја заврши на втората позиција Хамилтон беше воодушевен од постигнатиот успех. „Ова е најдобрата трка која што сум ја извозил. Не е важно дали ќе победиш. Се работи за сознанието дека си извлекол најмногу од себе,” го изнесе својот заклучок Хамилтон.

И покрај фактот дека беше извонредно брз Англичанецот мораше да се соочи со хендикепот на три влегувања во бокс. Чудна стратегија на McLaren посебно ако се земе предвид дека нивните најголеми конкуренти, тимот од Маранело, па и останатите тимови одеа на само две застанувања во бокс и две дополнувања на резервоарот со гориво.

Причината за една ваква одлука во McLaren не враќа на минатогодишната трка кога во 43. круг на Хамилтон му експлодираше предната десна гума и тој за среќа од инцидентот се извлече без последици.

Проблемот беше трасиран до гумите на Bridgestone, односно до нивното прекумерно загревање. И за да не се повтори немилата епизода од лани, инженерите во McLaren и во Bridgestone годинава за време на тренингот во петокот помно ги пратеа параметрите и повторно беа загрижени. Посебно од наглото кревање на температурата во предната десна гума кога Хамилтон минува низ свијокот број 8, истиот свијок од минатата година каде се случи инцидентот.

Инженерскиот тим годинава реагираше на време и наново го прилагоди притисокот во гумите и аголот на предните тркала, но сепак, не сакаа да ризикуваат и се одлучија на стратегија со три застанувања во бокс. Односно стратегија со полесен автомобил и посвежи гуми која му овозможи на Хамилтон добар пласман на квалифиациите и уште подобар старт. Тој успеа да се залепи зад Маса искористувајќи ја грешката на Ковалаинен и Раиконен кои си ги стругнаа тркалата и првиов заврши со дупната гума.

Притисокот врз Маса најдобро се виде во 24 круг кога го престигна, но овој одличен потег ниту од далеку не значеше победа. Маса продолжи мирно да вози чекајќи го својот момент, а тој дојде во 45. круг кога Хамилтон замина во питстоп и се врати на патека зад него. Раиконен во последните моменти од трката успеа да се доближи до Хамилтон, но не најде сили да го престигне и заврши трет.

Интересно е што иако возеа со исто болид и исти гуми тимските другари од McLaren имаа различна стратегија. Ковалаинен требаше само два пати да застане во бокс. Имено поради различниот стил на возење Ковалаинен, како што опишуваат инженерите во McLaren е нежен кон гумите и затоа нему му било дозволено да ја вози трката со две застанувања во бокс. Сепак, дупнатата гума на стартот од трката му го донесе на Ковалаинен и третиот пит стоп.

Додека на врвот владееше битка за подиум константните перформанси на возачите на BMW Sauber им ги донесоа на сино-белите четвртата и петата позиција. Роберт Кубица повторно го претводеше тимот и заврши пред тимскиот другат Хајдфелд.

И Кубица и Хајдфелд повторно беа подобри од Алонсо кој заврши шести, додека седмото и осмото место ги освоија Марк Вебер Red Bull - Renault и Нико Розберг Williams - Toyota.

Следната трка за Големата награда на Монако се вози на улиците на Монте Карло на 25 мај.

ГП Турција резултати

Шампионат возачи

Шампионат конструктори


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook