Get Adobe Flash player
Дали му се ближи крајот на Рон Денис?
04.03.2008
ron-denis-1.jpgГласините што проструија минатата седмица ја актуелизираа положбата на Рон Денис во McLaren и можноста за негово повлекување кое треба да се случи пред првата трка во Мелбурн.

Денис ќе се повлече и на неговото место, шеф на тимот, ќе застане сегашниот извршен дирекор Мартин Витмарш, а сето тоа ќе се случи пред 16 март стартот на сезоната во Формула 1.

Причините зошто Денис ќе се „повлече” од водечката улога во тимот се јасни. Катастрофална 2007 кога тимот заработи казна од 100 милиони долари и беше дисквалификуван од шампионатот за конструктори. Му се припишува дури и несупехот на Хамилтон да стане светски шампион поради проблеми со болидот на последната трка од сезоната.

По објавените гласини за негово разрешување, Мартин Витмарш веднаш побрза да ја објасни ситуацијата си интервју во Гардијан во кое вели: „Сметам дека треба да се олбави стегата околу Рон Денис посебно со наслови како - Рон го отсвири своето.”

„Целата работа зависи единствено – нагласувам единствено, од него и единствено негова одлука, доколку се одлучи да остане ќе мора да ја смени улогата.”

Обратете внимание на последните зборови кои кажуваат многу: „Ќе мора да ја смени улогата.” Се мисли на улогата во тимот, но се поставува и прашањето која улога до сега Денис ја имаше во тимот?

Во моементов, барем сеуште официјално е така, Рон Денис има три улоги: Извршен директор на McLaren Group, Шеф на тим на Vodafone McLaren Mercedes и Претседател на McLaren Group.

И за крај уште едно прашање: Од која од овие три улоги Рон Денис најрадо би се ослободил?

 

 

 

Facebook