Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Деновите на Маса во Ferrari се изброени?
08.11.2011

Дејвид Култард верува дека Фелипе Маса може да го снајде истата судбина како неговиот поранешен тимски колега - Кими Раиконен, откако се посилни се шпекулациите дека Ferrari се обидува…

massa-frontalno-1-2011-1

да го ангажира Нико Розберг од Mercedes.

Очајните резултати на Бразилецот по враќањето од сериозната повреда се причината за неговата смена, иако има договор со Италијанците и за наредната сезона. Сепак, слично како со Кими Раиконен, Ferrari би можел да го раскине договорот предвреме со Маса, а на таквиот чекор укажува и Дејвид Култхард, според кого се е можно во Ф1.

„Во Ф1, ништо не е невозможно. Моите 17 години искуство во Ф1 се доволна гаранција за тоа,“ - истакна Култард. „Маса е многу добар човек пред се, кој вози со срце. Но тој повеќе не е истиот возач како што беше пред Унгарија 2009 и поради тоа Ferrari нема друг избор освен да бара друг возач.“

„Притисокот? Тој секогаш е присутен во Ф1, но кај Маса мислам дека е поради тоа што тој знае дека неговата кариера во Ф1 е при крај. Со вакви резултати, тој нема уште долго да издржи во Ferrari.“

„Дури и Себастијан Фетел чувствува притисок, но не како оној на Маса. Мислам дека Ferrari уште од сега размислува за опциите во 2012 и кој би можел да им донесе подобар резултат.“ - заврши Шкотот.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook