Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Десен заден пневматик му ја уништи трката
15.11.2011

Пукнатината на десниот заден пневматик била причината поради извртувањето на Фетел на вториот свиок од патеката, а возењето на болидот без пневматик му ја оштетила суспензијата поради што...

alonso-trka-1-2011-1

бил приморан да се откаже во гаражата. Германецот жали за пропуштената прилика за освојување на добри поени во Абу Даби, но не се осмели да предвиди дали победата беше дофатна.

Оштетената суспензија била производ на извртувањето на свиокот број два, а истата не можела да биде санирана кај механичарите, по возењето на цел круг со оштетено задно тркало. Фетел по трката откри дека немал никакви проблеми со задниот десен пневматик, се до местото на извртувањето.

„Да бидам искрен, на излезот од првиот свиок се изгледаше нормално,“ - истакна актуелниот шампион. „Но кога влегов во вториот свиок, почувствував вибрации на задниот дел од болидот, особено на десната страна и болидот ми избега од контрола. Се извртев и тоа беше тоа. На патот кон боксот ја оштетив суспензијата толку многу, што ниту механичарите не можеа да ја поправат.“

„Очигледно проблемот бил во воздушниот притисок во пневматикот. Не знам зошто ваквиот проблем не снајде баш денес, бидејќи не правев ништо поразлично од претходните трки или од останатите возачи. Оваа ситуација ќе биде детално анализирана за да ја утвриме причината за пукнатината на пневматикот.“

Во продолжение, Фетел даде свое гледиште на ситуација „што би било, доколку не се откажеше“, при што не се осмели да прогнозира дали би победил на крајот на трката и по трет пат би се заќитил со вредниот трофеј.

„Стартот беше одличен, бев задоволен од како болидот се однесуваше во формацискиот круг, но не би знаел да одговорам колку брзи би можеле да бидеме. Вебер имаше тешка трка, но Хамилтон и Алонсо беа солидни на врвот. Мислам дека ќе имавме шанса за добар пласман, но лесно е да се збори од оваа перспектива.“ - заврши Германецот.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook