Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Доменикали трие раце поради забраната на FIA?
30.06.2011

Тимскиот шеф на Ferrari верува дека сите тимови ќе бидат погодени од забраната за мапирање на моторите, иако очекува некои тимови да поминат полесно од другите. FIA одлучи дека мапирањето...

horner-domenicali-1-2011-1

на моторот, со кое што тимовите добиваа многу на надолна сила при сопирање на болидот, ќе биде забрането од трката на Силверстоун. Претходно, светската автомобилистичка федерација го забрани мапирањето на моторот по завршувањето на квалификациите во Валенсија.

Италијанците од Ferrari полагаат надежи дека таквиот потег на FIA ќе ги погоди во помала мера отколку нивните ривали, во прв ред Red Bull и McLaren.

„Нашата цел секогаш е победата, бидејќи на крајот на денот ние сме сепак Ferrari,“ - изјави Доменикали. „Носиме неколку надградби за трката на Силверстоун и со нетрпение ја очекуваме.“

„Исто така, не очекуваат и неколку измени на правилата во поглед на издувните системи, па прашањето ќе биде кој ќе биде најмалку погоден од таквиот потег.“

„За неколку дена ќе го дознаеме одговорот дали таквиот потег на FIA ќе промени нешто или не.“ - заврши Италијанецот.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook