Големиот маг во Формула 1 Берни Еклстоун одлучи да го
прекине својот молк и наводна незаинтересираност и го замоли својот пријател
Макс Мозли да се повлече од позицијата претседател на FIA.
Апелот, Еклстоун го упати преку еден од највлијателните
весници во Британија, Daily Telegraph и истиот доаѓа само ден пред
собранието што треба да се одржи во Париз каде што ќе се гласа за судбината на
Мозли по секс скандалот.
Сепак, Еклстоун не сака отповикувањето на Мозли да се
случи на ваков начин. Тој смета дека Мозли сторил многу за Формула 1 и дека
сеуште има доста работа која треба да ја заврши.
Според него најдобро би било кога Мозли уште сега би ја
најавил својата оставка на генералното собрание на FIA кое се
одржува до Ноември и до тогаш ги заврши процесите кои се започнати во Формула
1.
„Едноставно не би сакал да го видам Мозли да си замине на
ваков начин,” вели Еклстоун. „Го знам Макс повеќе од 40 години и знам што се
напрвил за спортот затоа сметам дека ова не е вистинскиот начин да замине.”
Екслстоун исто така признава дека неговиот телефон сеуште
не престанува да ѕвони откако изби секс скандалот со Мозли и дека се наоѓа под
голем притисок од акционерите и сите релевантни личности во Формула 1 кои не
престануваат да ми кажуваат дека тој треба да ја напушти функцијата.
„И покрај се сметам дека Мозли треба да се повлече заради
одговорноста што ја има кон институцијата која ја застапува, вклучувајќи ја
тука и Формула 1,” заклучува Екслстоун и додава, „И жалосно е што тој сеуште не
одлучил да донесе една ваква одлука.”
|