Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Еклстоун ќе ја тужи FIA доколку Ф1 загуби по 2014
05.07.2011

Јавна закана до FIA испрати денес првиот човек на Ф1, најавувајќи им на челните луѓе од светската автомобилистичка федерација дека доколку по сезоната 2014 гледаноста и продажбата на билети...

bernie-eccl-1-2011-1

се намали, двете страни ќе се видат на суд.

Еклстоун беше еден од најголемите противници на првопланираните мотори со четири цилинди и зафатнина од 1600 кубни сантиметри. Иако беа додадени додатни два цилиндри на претходните четири, а воведувањето на новите мотори беше одложено за една година, Берни Еклстоун се чини како да е скептик околу новите правила и регулативи кога се во прашање агрегатите.

Покрај тоа, неколку организатори најавија дека ќе преминат во американската IndyCar серија, токму поради воведувањето на нисколитражните мотори.

„Ф1 не е Ф1 доколку не звучи како Ф1,“ - изјави Еклстоун за Independent. „Организаторите на трките веруваат дека овие нови мотори ќе го одземат она поради што луѓето доаѓаат на Ф1 трки. Тоа е гламурот на буката и поради тоа тие не би можеле да продаваат толку карти колку што продаваат сега, а така не би можеле да ни платат нас.“

„Тие имаат договор со нас и доколку тие не можат да не исплатат зошто немаат посетеност, не би имал ништо против нив, туку ќе ја тужам FIA.“ - категорично порача Еклстоун.

Имено, слични моторо со турбо полнач беа користени и во времето кога Берни Еклстоун беше тимски шеф во Ф1, но и покрај тоа, стравот од намалување на профитабилноста на најбогатиот спорт на светот постои.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook