|
Иако многмина ја споредуваат доминацијата на Фетел со онаа на Шумахер, особено во 2004 година по основ на здодевноста, Берни Еклстоун не мисли така. Според многумина, доминацијата...

на Фетел оваа сезона ќе одврати многу фанови од следење на Ф1, слично како петгодишната доминација на Шумахер во почетокот на минатата декада. Но така не мисли и „Господинот Е“. Според Ф1 гуруто, најбрзиот октански циркус не е здодевен оваа сезона, бидејќи фановите на секоја трка не знаат кој ќе биде протагонистот кој ќе му се спротистави на досега речиси непобедливиот Фетел.
„Фетел е во многу слична ситуација како и Шумахер,“ - изјави Еклстоун. „Тој е најдобриот во моментов, но јас не мислам дека Ф1 е здодевна оваа сезона. Според мене, фановите пред секоја трка не знаат кој ќе биде оној кој ќе му се спротистави на Фетел и тоа ја прави Ф1 интересна и оваа сезона.“
„Доминацијата на Фетел е многу поимпресивна од онаа на Шумахер, бидејќи Фетел за противници има неколку светски шампиони. Не гледам зошто Red Bull и Себастијан не би можеле да имаат победничка ера, иста како онаа на Ferrari и Михаел.“
Во продолжение додаде: „Тој е секогаш смирен и не лета во облаци и покрај големиот успех. Тоа е големината на големите шампиони. Ме потсеќа на Ринд (шампион од 1970 година), кој имаше исти карактеристики како и Фетел, а и двајцата се многу гласни кога губат.“
„Тандем Фетел-Хамилтон? Себастијан не треба да се плаши од ниту еден тимски колега, бидејќи тој е најдобриот во моментов.“ - порача Еклстоун.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|