Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Европа е минато за Еклстоун и Ф1?
30.11.2011

Домот на Ф1 повеќе не е дел од плановите на Берни Еклстоун. Ф1 гуруто најави дека бројот на трки на стариот контитент и понатаму ќе се намалува, откако наредната сезона само...

bernie-eccl-1-2011-1

осум пати Ф1 караванот ќе ја посети Европа.

Речиси сите седишта на тимовите се наоѓаат во Европа, поточно во Британија, Италија, Швајцарија и Шпанија, а старите автодроми се оние кои и даваат вистински тркачки „шмек“ на кралицата на мотоспортот. Новите трендови кои започнаа минатата декада сепак се повеќе ја оддалечуваат Ф1 од своите „огништа“, а ја селат кон далечниот исток и арапските земји.

Дека трендот ќе продолжи и понатаму, најави денес и Берни Еклстоун, кој очекува бројот на трки во Европа наредните години да се намали на само пет.

„Верувам дека во наредните години, Европа ќе остане само на пет трки. Мислам дека работата со Европа е завршена. Таа веќе заминува во историјата и мислам дека единствено турзимот може да и донесе посетители.“ - најави Еклстоун.

Запрашан дали верува дека Европа е духовниот дом на Ф1, тој одговори: „Некогаш беше.“

„Новите земји? Имаме договор со Русија за 2014, но во игра се и Јужна Африка, Мексико и уште неколку други земји.“ - заврши „Господинот Е“.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook