|
Минатиот викенд стигна до својата втора шампионска титула, а овој викенд во Кореја успеа со Марк Вебер да им ја донесат на Red Bull втората конструкторска титула во историјата на тимот.

Германецот по трката истакна дека ова е фантастичен викенд за него, заблагодарувајќи им се на сите во тимот.
Откако го превзема водството во првиот круг, Германецот никогаш не погледна на ретровизорот, стигнувајќи убедливо до победата со предност од единаесет секунди. По трката, неговото вообичаено славје повторно продолжи, а на официјалната прес конференција го изрази своето задоволство од сите во тимот, но не го заборави ниту Renault кои ги пофали во доставувањето на одличен агрегатски пакет.
„Добро е да се види дека целиот тим работеше за оваа победа. Иако сите сме сеуште мамурни од прославата од минатиот викенд, стигнавме до победата и ја освоивме конструкторската титула,“ - истакна Фетел. „Беше забавно да се вози денес, бидејќи болидот од круг во круг беше се подобар и подобар. Минатиот викенд возачката, а овој викенд конструкторската титула. Ова е нешто фантастично.“
„Исто така, сакам да им се заблагодарам и на Renault во доставувањето на одличен пакет. Ви благодарам. Јас сум пресеќен денес.“
Иако се плашеше од многу застанувања во боксовите, Фетел на крајот успеа да заврши со само две посети на механичарите.
„Менувавме помалку отколку што очекувавме. Мислевме дека деградацијата ќе биде висока, а да бидам искрен и беше, но го одложивме првото влегување, а тоа не поштеди од трето влегување на крајот.“
За крај додаде: „Ова не беше воопшто лесна трка за мене, бидејќи постојано се обидував да избегам од DRS дофатот на Луис. Успеав да ги сочувам пневматиците, што на крајот се испостави како круцијално за контролирањето на трката.“
Превземено од: pitstop.com.mk!
|