Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Ferrari доби повеќе пари од Red Bull
09.12.2011

Третото место во поредокот на конструктори и само победата во Британија оваа сезона не значат дека Ferrari ќе заработи помалку од Red Bull и McLaren. Само една победа наспроти 12-те на Red Bull...

ferrari-logo-dozd-1-2011-1

и двојно помалку на McLaren е доволна за најстариот тим во Ф1 да го собере најголемиот дел од колачот.

Уникатниот систем на прераспределба на добивката е строго чувана тајна на FIA, но информациите до кои што стигна „Аутоспорт“ говорат дека Италијанците ќе заработат 11,5 милиони долари повеќе отколку Red Bull оваа сезона. Тоа е така поради клаузулата - „историски придонес“ кој што италијанскиот тим го има за спортот.

Според информациите на британскиот медиум, Ferrari заработува 2,5 % од вкупниот профит на Ф1, пред истиот да биде распределен помеѓу 12-те тимови. Тоа во цифри изразено значи дека Ferrari заработил 17,3 милиони долари од 691 милиони долари, што претставува 50% од вкупниот профит на Ф1, поради прераспределбата на профитот во две категории поради Конкорд договорот.

Од втората категорија, Италијанците заработуваат 16 милиони долари, што во превод значи дека тимот од Маранело на „гладно срце“ заработил 33,3 милиони долари оваа сезона, ако претходно се одземе третата позиција во поредокот и примањата кои што произлегуваат од неа.

Се на се, црвениот тим од оваа сезона ќе замине „побогат“ за 104,7 милиони долари, а зад него следуваат Red Bull со 93,1 и McLaren со 85 милиони долари.

Фер или не фер, останатите тимови преку Конкорд договорот се имаат согласено на истото, бидејќи присуството на Ferrari во Ф1 го зголемува кредибилитетот на спортот. Исто така, се верува дека ваквиот екстра процент кој што Италијанците го добиваат ќе биде пренесен и во следниот Конкорд договор.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook