Марката од Маранело традиционално прва го претстави
својот нов Ф1 болид за 2008 и тоа еден ден пред најавеното лансирање на Ф1
болидот на нивниот главен ривал McLaren.
Ова е првиот од новата генерација на болиди кои ја носат,
наложената од страна на FIA, стандардна електронска контрола или Standard
Electronic Control Unit – SECU произведена од страна на McLaren
Electronic Systems.
Покрај стандардната управувачка електроника болидот на Ferrari за 2008,
по кого ќе следат и останатите, носи многу нови измени кои се предвидени со
правилата за оваа сезона. Сите овие измени го прават прилично различен во однос
на претходникот што може да се забележи и на фотографиите.
Една од најзанчајните измени, барем така велат
инженерите, е зголемената тежина поради користење на одреден тип на композитни
материјали лимитирани со правилата, а од кои се направени шасијата,
каросеријата - ако така може да се нарече телото на болидите во Формула 1 и
аеродинамичките додатоци.
Новина во годинешната сезона е користењето на менувачите
дури на четири трки, што е вистински предизвик за конструкторите, бидејќи
историјата до сега покажала дека токму менувачите се најлесно расипливитот дел
на болидот.
Комплетно нова е и аеродинамиката, но доколку некој сака
да поднаучи нешто од болидто на Ferrari ќе се излаже
бидејќи одговорните во Маранело тврдат дека таа ќе биде комплетно сменета пред
првата трка во сезоната.
И за на крај, безбедноста е подигната на уште повисоко
рамниште. Сега ѕидовите на кокпитот се уште повисоки со цел да понудат упте
подобра заштита за возачот.
Една од измените за која најмногу се зобруваше и која
крена најмногу прашина е забраната за користење на контрола на тркација, со
која заедно оди и отстранувањето на сопирањето со мотор или моторносто споирање
кое доаша како директна последица од користењето на SECU.
Сето ова повлекува дополнителни измени на болидот, пред
се во распоредот на тежината. Сето ова сега треба да биде комплетно ревидирано.
Исто така со користењето на SECU поедноставено е и управувањето со диференцијалот,
моторот и менувачот, но во Ferrari велат дека нашле решение како да го направат менувањето
на степени уште побрзо и покрај ограничувањата.
Но, за да видиме како функционираат сите овие измени и
најави од конструкторите на болидот ќе треба да почекаме до првите тестирање.
Само тогаш во дуал со главниот ривал McLaren ќе може да се
утврди вистинскиот напредок. Истото важи и за тимот од Вокинг кој го претстави
болидот ден по Ferrari.
|