Сите оние што мислат дека поседувањето на тим
во Формула 1 е еден вид коцка, и е финансиски нестабилно ќе треба да го
ревидираат своето мнение по следново сознание.
Или пак, сето ова важи за сите тимови што се дел од
големиот циркус освен за тимот на Ferrari? Причина за една
ваква констатација е информацијата дека Ferrari годинава
ќе инкасира 100 милиони долари од компанијата на Берни Еклстоу Formula
One Management или FOM.
Парите ги добива како последица на новиот договор за
поделба на профитот од телевизиските и рекламните права меѓу
тимовите во Формула 1 и FOM.
Зделката е тимовите да добијат 50 проценти од целукупната
заработувачка, а исто толку да добие и FOM, за
разлика од порано кога тимовите добиваа 47 проценти, но само од телевизиските
права без парите од рекламирањето на патека што чини подеднакво многу пари.
Огромната сума што ќе ја добие Ferrari годинава е
поделена на два дела. 68,9 милиони долари ќе бидат уплатени за освојувањето на
конструкторската титула, а 33,3 милиони долари за потпишување на договорот во
2005 дека останува во Формула 1 до 2012.
Иако станува збор за многу пари, овие 100 милиони долари
се како џепарлак за Ferrari, бидејќи тимот од Маранело очекува да добие од главните
спонзори Marlboro и Shell повеќе од два пати повеќе.
Имено минатата сезона Ferrari од овие
два спонзори доби 183 милиони долари, но годинава сумата ќе биде значително
поголема бидејќи црвените на своето конто имаат и возачка и конструкторска
титула. Голем успех, а големиот успех вреди многу нели?.
|