|
25.06.2007 |
Тимот од Маранело поведе судска постапка против својот
техничар Најџел Степни. Детали сеуште нема, но Жан Тод
изјави дека целата работа ќе ја разреши италијанскиот суд.
Се претпоставува дека станува збор за саботажа поради
ницидентот што се случи пред почетокот на ГН на Монако кога бел прашок е најден
во резервоарот на болидот на Маса и е испратен на увид во полиција.
На саботажата се додава и можната индустриска шпијунажа,
честа појава во Ferrari. Преоѓање во Honda и врбување на
група инженери за во јапонскиот тим.
Причините за ваквото однесување на Степни кој е во Ф1
тимот од 1992 најверојатно се поврзани со повлекувањето од Формула 1 за 2007 и
негово префрлање во производство.
|