Get Adobe Flash player
Ferrari си заминува од Формула 1 во 2010
13.05.2009
ferrari-logo-1.jpgБордот на директори на Ferrari на чело со претседателот Лука ди Монтеземоло потврди дека следната година Ferrari нема да се натпреварува во Формула 1 поради несериозноста на FIA.

Официјалното соопштение од Ferrari пристигна откако FIA одлучи да воведе нови измени во правилата за 2010 кои се засновани на, според Монтеземоло, произволни тумачења на техничките правила и нови економски параметри кои го спречуваат развојот.

Во Ferrari нагласуваат дека доколку во FIA не се смени начинот на размислување и не се ревидираат правилата за 2010 кои во прв план се донесени без да се консултираат тимовите, тие по 60 годишното учество во Формула 1 конечно ќе се повлечат од спортот.

Да нагласиме дека Ferrari e единствениот конструктор кој учествувал во сите сезони на Формула 1 од нејзините зачетоци во 1950.

Ferrai дополнително го истакнува своето разочарување од методите на FIA во начинот на носење одлуки кои се од есенцијално значење за Формула 1 и чива природа е премногу сериозна за да не претходи консултирање со конструкторите и тимовите.

Соопштението на Ferrari е прво што еден тим го упатил по откривањето на правилата на FIA за 2010, а доаѓа откако почнаа да кружат гласини дека и Toyota, Red Bull, BMW... набрзо ќе излезат со слични соопштенија.

Се чини дека само Brawn, Williams и Force India ќе успеат да го запазат крајниот рок за доставување официјални апликации за учество во Формула 1 во следната сезоната.

Претседателот на FIA, Макс Мозли пред една седмица истакна дека Формула 1 може да преживее и без Ferrari, но дали откажувањaтa од кралицата на мотоспортот ќе застанaт тука.

 

 

 

Facebook