Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Ferrari треба да го следи McLaren
14.12.2011

Според Виладелпрат, еден од најдобрите инженери во историјата на Ф1, Италијанците од Маранело треба да го следат примерот на колегите од Вокинг во развивањето на болидот во текот на сезоната.

ferrari-logo-bolid-1-2011-1

Зад „црвените“ е уште една сушна сезона, без ниту еден освоен трофеј. Апетитите и притисокот растат, како во Маранело, така и кај фановите, а совети за враќање на Ferrari на врвот пристигнуваат од сите страни. Шпанскиот ветеран во колумната за „Ел Паис“ истакнува зошто McLaren е подобар од Ferrari во развивањето на болидот.

„Ваквата ситуација се случуваше и кога тимовите имаа неограничен буџет и кога ги имаа прибрано сите најдобри инженери. Поради тоа, не станува збор само за техничко прашање,“ - напиша Виладелпрат. „Под притисокот за победа, Ferrari прави големи промени во тимот, барајќи решенија кои не се копирани од другите, но ќе бидат копирани кога тие ќе ги промовираат.“

„Тоа може да биде ризично, бидејќи за разлика од нив, McLaren има добра основа врз што ќе ги брка Red Bull.“

Шпанецот исто така го потенцира и факторот - притисок во Италија и барање на победите, особено од медиумите.

„Ferrari е национална гордост во Италија и таму се подразбира само едно - победите и титулите. Голем удел во ова имаат и медиумите, кои вршат дополнителен притисок врз тимот. За разлика од таму, во McLaren е многу поразлично. Рон Денис успеа да создаде една клима во Англија во која сите фанови му даваат поддршка на тимот и поради тоа мотивацијата во McLaren е далеку поголема.“

„Од таму произлегува и иновативноста на луѓето од McLaren кои знаат дека нивните идеји се разгледувани и работат со 150% мотивација.“ - заврши Шпанецот.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook