Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Фетел брои трофеи, не пари
17.11.2011

Двократниот светски шампион би можел да се откаже од се што стекнал во животот, освен не од своите трофеи. Германецот во интервју за германската новинска агенција „СИД“ открива...

vettel-trofej-1-2011-1

дека трофејот од некоја трка е многу повреден од чекот кој што го добива.

24 годишниот Фетел на досегашните 80 трки на колку што настапил во Ф1, на 21 од нив си заминал со највредниот трофеј, додека 35 пати се искачил на подиум. Двократниот светски шампион преферира повеќе трофеј, отколку чекот кој што возачите го добиваат по завршувањето на трката, во зависност од нивниот пласман.

„Би можел да се откажам од се што сум стекнал, освен од трофеите.“ - истакна Германецот. „По два часа, каде што даваш се од себе, поголем или помал чек не прави толкава разлика колку што тоа го прави трофејот. Кога стојам на подиумот, знам дека животот не може да ми пружи подобри моменти.“

Наредниот месец, на гала вечерта на FIA, Фетел ќе го добие официјалниот трофеј како шампион во Ф1, но истиот не смее да го зачува за себе. Единствениот начин да го задржи кај себе е во редослед да освојува неколку шампионски титули.

„Морам да го вратам назад,“ - со доза на разочарување прокоментира Фетел. „Би било одлично доколку имам можност да го задржам кај себе неколку години, како Михаел (Шумахер) можеби, кој го имаше кај себе пет години по ред.“

„Мојата цел беше да станам Ф1 шампион, а тоа е нешто што никој не може да ми го одземе од сега па натаму.“ - заврши самоуверено младиот Германец.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook