Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Фетел го предупредува Раиконен
02.12.2011

Поучен од кам бекот на Михаел Шумахер, Себастијан Фетел не верува дека Кими Раиконен ќе биде истиот оној од 2009 кога ја напушти Ф1. Двајцата добри пријатели, наредната сезона повторно...

vettel-novinari-1-2011-1

ќе можат да се тркаат еден против друг, откако беше официјализиран договорот помеѓу Раиконен и Lotus Renault.

Фетел и Раиконен многу често во изминатиот период стапуваа во контакт, а нивната пасија - бадмингтонот беше причина за многубројни средби во Швајцарија, каде што и двајцата живеат. Сепак, Германецот не му предвидува лесно враќање на шампионот од 2007 поради видоизменетите околности по неговото заминување од Ф1.

„Погледнете што се случи со враќањето на Шумахер. Тој беше неприкосновен кога си замина, но се соочи со многу потешкотии кога се врати, бидејќи Ф1 тогаш и Ф1 денес воопшто не се слични,“ - објасни Фетел. „Болидите се премногу променети. Дури и во текот на сезоната на управувачот излегуваат нови копчиња.“

„Поради тоа мислам дека враќањето на Раиконен нема да биде така лесно.“

Тимскиот шеф на Lotus Renault по официјализирањето на договорот со Финецот, отрки дека Раиконен наскоро ќе почне да тестира во симулаторот, а исто така произлегоа шпекулации дека болидот од 2009 година би бил добра почетна основа за „загревање“ пред февруарските тестови.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook