Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Фетел и Пармакоски се разделија
16.12.2011

Двократниот светски шампион ќе остане без својот личен тренер и физиотерапевт, Финецот Томи Пармакоски. Како што и самиот Фетел многу пати изјавуваше, Финецот е еден од...

vettel-parmakoski-1-2011-1

најзаслужните за неговиот успех, приморувајќи го секогаш да биде 100% фокусиран на работите на патеката.

Сигурно сите добро се сеќавате на изјавата на Фетел по трката во Јапонија каде што ја обезбеди втората шампионска титули. Ниту Red Bull, ниту Њуи не беа оние со кои што Фетел ги започна благодарниците, туку тоа беше неговиот личен тренер, Томи Пармакоски.

„Тој беше оној кој во ниту еден дел од сезоната не ми дозволуваше да ги изгубам нозете прилепени за земја,“ - изјави Фетел по освојувањето на третото место во Јапонија. „Томи е еден од најзаслужните за мојот успех, бидејќи тој ме притискаше работите да ги правам со повеќе од 100% напор, секогаш во вистински правец.“

Пармакоски, во едно интервју во текот на оваа сезона потенцираше: „На патеката, тој е главниот, но надвор од неа, главниот сум јас.“

Според германскиот „Ауто мотор унд спорт“, Пармакоски кој е поранешен хокеј голман, ја прифатил понудата да биде тренер на женската хокеј репрезентација на Финска.

Фетел и Пармакоски соработуваа заедно три години, а според Германците од „Ауто мотор унд спорт“, шампионот е во потрага по нов личен тренер.

Превземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook