|
По смртта на Дан Велдон во Indycar сериите, целиот мотоспорт свет се „сврте“ кон безбедноста на возачите и ризик факторите кои произлегуваат од тркањето. Токму на таа тема коментар даде...

и Себастијан Фетел, кој не се плаши од смртта и го прифаќа најголемиот ризик во мотоспортот.
Прес конференцијата по повод двете шампионски титули во Милтон Кејнс беше добра можност за новинарите да го запрашаат Фетел дали се чувствува безбеден во Ф1.
„Долната линија во Ф1 е онаа дека ние никогаш нема да бидеме комплетно безбедни и секогаш постојат многу ризик фактори. Но секој кој е дел од Ф1 треба да ги има истите во предвид,“ - изјави Фетел. „На крајот на нештата, ние го сакаме мотоспортот бидејќи е опасен и подготвени сме на таквите нешта кои се случуваат.“
„Во претходните неколку години имавме многу страшни излетувања и за голема среќа немаше потешки повреди. Она на што треба сите да работиме е да ја направиме Ф1 и секоја друга серија многу побезбедна, бидејќи никогаш не е доволно.“
Целиот тим на Red Bull жали за смртта на Дан Велдон, опишувајќи ја неговата смрт како голема загуба за спортот.
Превземено од: pitstop.com.mk!
|