Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Фетел се чувствува како Сена во 1991 година
29.11.2011

Дали може да се спореди трката на Фетел денес со онаа на Сена од 1991 на Интерлагос оставаме на вас да одлучите, но Германецот по завршувањето на последната трка сезонава се спореди...

vettel-webber-podium-1-2011-1

со легендарниот Бразилец и неговата неверојатна трка пред 20 години.

Себастијан Фетел се соочи со проблеми со менувачот, пред се на вториот и третиот степен од преносот, па поради тоа мораше да ги намали вртежите на моторотот, возејќи со повисоки степени на преносот на бавните делови. Иако не успеа да го задржи Вебер зад себе и со победата да ја заокружи неверојатната сезона за него, Германецот сепак успеа да заврши пред Џенсон Батон и да обезбеди 1-2 победа за Red Bull.

„Започнав многу добро и успеав да направам разлика, но потоа ми беше јавено за проблемите со менувачот,“ - образложи актуелниот шампион. „Морав да ги намалам вртежите и побрзо да менувам, а подоцна откако стануваше се полошо и полошо, возев со повисоки степени на преносот во побавните делови од патеката.“

„Од таму ми излезе и споредбата со трката на Сена на оваа патека во 1991 година.“

Запрашан дали на последните две трки лошата среќа започнала да го следи, Фетел додаде: „Не мислам дека ова е лоша среќа. Се на се, можам да кажам дека имавме одлична сезона и токму поради тоа денешните проблеми не ме прават тажен. Второто место и 1-2 победата е одличен резултат за тимот.“

„Сакав со победа да ја завршам сезоната, но и вака и така имавме неверојатна сезона.“ - заврши Германецот.

Првземено од: pitstop.com.mk!

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook