Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Фетел со хет-трик во Валенсија!
27.06.2011

Себастијан Фетел ја извојува неговата шеста победа сезонава доминирајќи на трката за Големата Награда на Европа во Валенсија. Да биде уште подоминантен викендот, Германецот откако ја освои...

vettel-win-val-1-2011-1

пол-позицијата претходниот ден, успеа да оствари хет-трик поставувајќи го и најбрзиот круг од трката.

Зад него Алонсо и Вебер и покрај сите обиди успеаа само да го пополнат подиумот, додека Хамилтон конечно успеа да има чиста трка освојувајќи драгоцени 12 бодови со четвртото место.

Круг 1: Низ првиот свиок поминуваат Фетел, Вебер, Алонсо и Маса. Розберг го поминува Батон.

Круг 2: Најмногу позиции по стартот изгубија Петров и Малдонадо, додека најмногу добија Буеми и Глок

Круг 3: Фетел води со 1.8 секунди предност. DRS системот е дозволен.

Круг 4: Ветел го зголемува водството, додека Батон и со DRS мака мачи со Розберг.

Круг 6: Батон конечно успева да го претекне Розберг. Вебер поставува најбрз круг на трка.

Круг 8: Разликата помеѓу Вебер и Алонсо е под една секунда.

Круг 11: Малдонадо е првиот возач што влегува во бокс.

Круг 12: Хајтфелд, Баричело и Кобајаши влегуваат по промена на гуми.

Круг 13: Хамилтон и Розберг во пит по нови меки гуми.

Круг 14: Шумахер е претекнат од Хамилтон, додека Вебер, Фетел и Алонсо влегуваат во бокс по меку гуми.

Круг 15: Шумахер влегува во бокс но при излезот има контакт со Петров при што продолжува со оштетено предно крило, но и покрај тоа успева да претекне болид на Force India.

Круг 16: По питот на Маса, Фетел се враќа на првата позиција. Шумахер во бокс по нови меки гуми и ново предно крило.

Круг 18: Алонсо ја продолжува битката за втората позиција приближувајќи му се на Вебер.

Круг 21: Со помош на DRS системот Алонсо конечно успева да го претекне Вебер за второто место.

Круг 24: Хамилтон влегува во пит по нови меки гуми.

Круг 29: Вебер влегува во бокс и се враќа на четвртата позиција на патеката. Хамилтон со нов најбрз круг и покрај советот од тимот да ги чува гумите.

Круг 30: Алонсо влегува во бокс по нови меки гуми, но при излезот ја губи втората позиција од Вебер. Фетел по нови меки гуми.

Круг 31: Батон и Розберг го остваруваат нивниот втор пит стоп. Вебер со леснотија го поминува Маса за второто место кој пак е со стари гуми.

Круг 32: Маса по бавниот пит стоп при менувањето на гумите се враќа на шестата позиција веднаш пред Батон.

Круг 33: Шумахер по промена на гуми.

Круг 40: Нов најбрз круг за Фетел зголемувајќи го водството врз Вебер на 3.4 секунди. Розберг го поминува Алгуерсуари за седмото место.

Круг 43: Хамилтон во бокс по тврдата компонента на гуми, притоа се враќа шестата позиција.

Круг 46: Алонсо по новиот пит стоп излегува пред Вебер. Овации во шпанската публика.

Круг 47: Розберг и Фетел во бокс. Шампионот излегува со 10 секунди водство пред Алонсо.

Круг 49: Маса и Батон во бокс по тврди гуми.

Круг 54: Фетел го поставува најбрзиот круг од трката: 1:41.852

Круг 57: Фетел победува поминувјќи ја прв стартно-целната линија. Зад него следат Алонсо, Вебер, Хамилтон и Маса.

Резултати од ГН на Европа:

Превземено од: pitstop.com.mk!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook